
Доделени признанијата и наградите за најдобрите во спортот за 2023 година во град Кочани. Вчеравечер наградата спортист на годината за 2023 година ја прими Расул Шапиев, член на боречкиот клуб Спартак од Кочани. Шапиев изминатата година има учествувано на Светско првенство во борење каде го освои 13 место и на Европско првенство во борење каде завшри на 11 место. На државното првенство во Македонија го освои високото прво место, а со титула се врати и од мегународен турнир во Турција. Вели тенденција е да продолжи со уште поголеми успеси.
„Сакаме да настапиме добро на Европското првенство и да освоиме норма за Олимписки игри. Уште еднаш сакам да им посакам на млади, надежно спортисти, да се тренира, да се учи добро и да се дојде до успех.“ – вели Шапиев.
14 млади спортисти беа предложени за млади и надежни спортисти, а новинарите едногласно донесоа одлука сите да бидат пофалени. Лазар Захариев е избран за спортска личност на годината. Има учествувано на пет меѓународни натпревари од кои се врати со три први места, и по едно второ и трето место.
„Јас се натпреварувам, имам околу 17 медали на надворешни првенства. За оваа година имам испланирано неколку натпревари и секако мислам дека ќе го преставам мојот град Кочани и нашата држава во најубава слика. Тајната на овој успех е доволно тренирање и редовен живот“ – вели Захариев.
Благодарност на самата манифестација упати и градоначалникот Љупчо Папазов и посака ова да прерасне во традиција која ќе се организира секоја година.
Игорчо Каров од Карате клубот Кочани е избран за најдобар тренер. Тој во 2023 година има освоено 20 медали од кои 4 златни, 9 сребрени и 7 бронзени. Двапати има улествувано и на балканско првенство.
Успешното менаџирање со фудбалот, развојот и унапредувањето на женскиот фудбал беа доволни за Александар Андов да ја добие титулата најдобар спортски работник.
Титулата најдобар спортски клуб ја доби Планинарскиот спортски клуб Осогово. Овој клуб изминатата година има постигнато високи резултати како високогорски искачувања така и организирани традиционални искачувања.
Лаура Стојанова М-Нет