Зоран Ивановски е ново засилување на Детонит Плачковица

Екипата на Детонит Плачковица за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига се засилува со Зоран Ивановски од Беласица.

23-годишното крило е трето зимско засилување за екипата предводена од штипскиот стратег Иван Варадиновски. Иваноски во Радовиш доаѓа како слободен играч, откако раскина со Беласица, а потекнува од Брера Струмица.

Ивановски е стандарден член на У-18, У-19 и У-21 репрезентацијата на Македонија.

Претходно, Детонит Плачковица се засили со Тони Мичковски и Александар Ѓорѓиески.

Александар Ванев, М-Нет