Доброволните пожарникари добиваат дневен надомест до 120 евра, тврди Ангелов, како надомест за изгубениот работен ден

Секој доброволен пожарникар добива дневен надомест од 100 до 120 евра, во зависност од неговиот статус и висината на платата, тврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали дел од средствата предвидени за ангажирање граѓани за гаснење пожари можеби ќе бидат пренасочени кон доброволните противпожарни друштва. Ангелов нагласи дека не е точно оти доброволните пожарникари работат бесплатно, бидејќи секој ангажиран доброволец добива надомест преку ДЗС. Според него, со ова се покрива загубата што доброволците ја имаат поради отсуството од работа или од сопствениот бизнис за време на интервенциите.

,,Не е точно тоа дека ДПД тоа го прават бесплатно, напротив имаат ценовник. Еден доброволен пожарникар, дневно зима од 100 до 120 евра во зависност од неговиот статус и висината на неговата плата. Секој еден доброволец кој што вчера излего на терен, ќе ја добие оваа сума преку ДЗС, бидејки се дел од нашите тимови и сметаме дека тоа е еден праведен наадоместак за она што тие го направи тој ден. Дел од нив е вработени, друг дел сопствен бизнис, тој ден отсуствуваат од работнто место и ние како Влада вршиме надоместок и ние како влада вршиме надомест на таа штета што ја трпат, што не се појавуваат на работнто место. Но, ако во еден ден ангажираме 100 доброволни пожарникари, сумата би била околу 10 000 евра. Кога би ги користеле 30 дена, сумата би била 100 000 евра, што воопшто не е бесплатно, но споредбено со хехиоптерите, ова не е некоа висока сума.“, вели Ангелов

Ангелов тврди дека апелот не бил упатен до сите граѓани, туку првично до пензионирани припадници на Армијата, полицијата и противпожарните единици. Според него, досега се пријавил доволен број кандидати, а одзивот ги исполнил очекувањата на ДЗС.

,,Мојот апел не беше до граѓаните, мојот фокус беше пред се на пензионираните припадници на армијата, полицијата и протиопожарните едници и сум задоволен од лицата кои што се пријавани. Во моментот имаме доволен број пријавени.“, додаде Ангелов

Инаку, Ангелов потврди дека капацитети на Владата и мината и оваа година се значително посилни во однос на претходните години, а оваа година како што рече се подгтовени како никогаш до сега.

Иван Митев, М-Нет