Ангелов: Спој на лабави жици или чистење на двор, се првичните сомнежи за причините за пожарот на Исарот во Штип

Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Како што истакна денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на прес конференцијата од Штип, се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој апелираше граѓаните да не палат оган на отворено, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, расчистување пасишта или подготовка на скара, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со катастрофални последици. Воедно апелираше, граѓаните доколку забележат разлабавени електрични жици или друг дефект на мрежата, веднаш да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112.

„Пожарот кој што изби на Исарот имаме индиции дека е настанат поради чистење на двор на некоја од куќите, но исто така има одредени индиции дека настанал поради допирање на лабави жици помегу две бандери. Се работи на прецизирање на причинителите, но како и да е ја користам приликава да упатам апел до сите граѓани да бидат внимателни и никаде никогаш да во текот на летото да не палат оган на отворен простор. Палењето оган од било кој мотив, дали да се зачисти доврот, понатаму земјоделците да ги зачистат своите стрништа, сточарите да ги исчистат своите пасишта некои да напарави скара или друг мотив, може да предизивка пожар со катастрофлани последици, како што на пример е пожарот на Исарот. Иако не е нанесе голема штета, сепак го унказаи овој карактеристичен рид кој што се наога ведна до градот. Апел и до граѓаните, доколку забележат разлабавени жици помегу бандерите, или евентално даелководи тоа да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112.“, рече Ангелов

Дополнително, директорот Ангелов, апелираше сопствениците на викендички, стари и полунапуштени куќи навреме да ги исчистат и уште подобро изорат своите дворови. Според него, со тоа ќе се намали ризикот пожарите да се прошират до објектите и ќе се помогне во нивната заштита.

,,Aпелирам до граѓаните кои што имаат викендици или стари куќи или полунапуштени во нашите преубави македоснки села кои што некои се од разбиен тип, да ги запчистат своите дворови и на тој начин многу ке ни помогнат, бидејки не знаеме кога и како ќе избие следниот пожар. При избивањето во места надвор од градовите, во близина на селата, постои голема можност огнот да дојде до овие полунапуштени села кои што немаат жители или има по неколку возрасни лица. Доколку граѓаните ги исчистат своите дворови и ја искосат трева, уштеп одобро ги изорат или малку со мотика, на тој начин ке спречат палење на викендиците.“, порача Ангелов

Ангелов во изјавата јавно се заблагодари и до граѓаните, кои вчера со својата механизација помогнаа во пожарите во Штип и Пробиштип.

Иван Митев, М-Нет