Доаѓа Илинден, повозрасните граѓани дома, помладите на одмор и патувања

Илиден доаѓа, а мнозинство граѓани остануваат во Штип. Иако празникот и православен и национален – годинава без еуфорија. Според анкетата што ја спроведовме, најголем дел од граѓаните велат дека Илинден ќе го поминат – во домашна атмосфера. Без патувања, без манифестации, без гласна прослава. Причините јасни, граѓаните велат на прво место финансиите, а на второ топлото време

Иако, повозрасните ќе останат дома, сепак со нивна помош , помладите ќе патуваат барем до Охрид.

Иако дома, сепак граѓаните денот ќе го поминат на трпеза. Со месо, со мезе, со салати и одење на слави и имендени. Граѓаните додаваат пополека, но сигурно празникот почнува да избледува во очите на помладите, па потоа останува прашањето дали симболиката избледува, или само начинот на чествување се менува?

Иван Митев, М-Нет