
Собрани средства за новогодишни пакетчиња за најранливите категории граѓани во Штип. Акцијата која во неделата ја започнаа Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Штип денеска резултираше со пакети кои беа дистрибуирани до неколку семејства на кои им беа најпотребни. Претседателот Иван Коцев им се заблагодари на сите чинители кои учествувале во оваа акција.
„По спорведената хуманитарна акција на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Штип за собирање на средства денес донациите ќе бидат поделени на оние на кои им е најпотребно. Им се заблагодаруваме на сите оние кои земаа активно учество во оваа новогодишна хуманитарна алција и даваме поттик за сите општествени чинители да разубават нечии новогодишни празници“ – вели Коцев.
Акцијата се спроведе со цел да им се разубават новогодишните и божиќни празници на сите граѓани и да им се донира на оние на кои им е најпоребно.
Лаура Стојанова М-Нет