
Вечерва во Штип се одржа редовното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз во Штип, каде нов мандат доби Димитар Џонов, кој и во следните четири години ќе го води ОФС Штип, Џонов и претходно го водеше успешно ОФС Штип.
Вечерва, на изборното собрание Димитар Џонов беше предложен и за член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Дополнително, Општинскиот фудбалски сојуз Штип даде и поддршка за актуелниот и идниот претедател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.
Вечерва на редовното изборно собрание на ОФС Штип, присутен беше и в.д. генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу.

Редовното изборно генерално Собрание на ФФМ ќе се одржи на 15. март 2025 година со почеток во 10 часот во Скопје.
Александар Ванев, М-Нет