
Сите екипи од Втората футсал лига на Македонија, вкупно тринаесет, со заедничко соопштение на кое имаат ставено потписи и печати, испратено до министерството за спорт, бараат да добиваат субвенции од министерството, како финансиска поддршка.
Екипите како што е наведено во соопштението бараат средба со министерот за спорт Борко Ристовски, а исто така како што е наведено во соопштението, клубови побараа и во најкраток рок да бидат исплатени за минатогодишниот циклус на субвенционирање.
Во прилог целосното соопштение од екипите од Втората футсал лига.


Во Првата лига има десет екипи, шампионот игра во Лига на шампиони, а последните две екипи испаѓаат во Втората лига, каде има 13 екипи, а првите две екипи од Втората лига имаат директен влез во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет