
Вечерва во Скопје футсал репрезентацијата на Македонија со 1:5 беше поразена од големиот фаворит Португалија. Од овој триумф Португалците стигнаа преку пресврт, откако Македонија прва победа во 9. минута со гол на Рамадани, а до крајот на првиот дел Сантош, Матош и Невес беа стрелци за Португалија, а пак во вториот две стрелаа Невес и Варела.
Двократниот европски шампион Португалија не виде проблем против Македонија и лесно ја оправда големата фаворитска улога.
На 6. февруари Македонија ќе се соочи со Португалија на гостински терен.
Александар Ванев, М-Нет