Димитар Пилешков главна „свирка“ на третолигашкото дерби Чешиново – Малеш

Вистинска „фешта“ се очекува на можеби најинтересниот натпревар во досегашниот тек од првенството во ТМФЛ – Исток помеѓу екипите на Чешиново и на Малеш од Берово. Во изминатите 5 кола лидерот Чешиново е без пораз, со само еден нерешен резултат и бодовно салдо од 13 бодови. Тимот на Малеш е веднаш зад Чешиново со 12 освоени бодови и со можеби најефикасна навала во која со своите реализаторски предиспозиции суверено вледее голгетерот Андреј Симевски. Имајќи го во предвид претстојниот дерби натпревар и неговата фудбалска тежина делегирани се и судии кои претендираат наскоро да ја делат фудбалската правда во повисиките скалила, Втора и Прва Македонска лига, а за таа цел довербата падна на штипска судиска тројка. Главна „ свирка“ на мечот Чешиново – Малеш ќе биде Димитар Пилешков, прв асистент Ристе Бојчев а втор асистент ќе биде Кире Делипетров. Интересно за судијата Димитар Пилешков е тоа што пред 2 години бевме сведетели кога беше делегиран како главен судија на мечот во Могила помеѓу Партизан (Обршани) – Кит Го Пехчево, а преставник на гостите беше неговиот татко, Јованче Пилешков. Иако тоа беше мал психички товар за младиот судија, не му пречеше да добие највисока оценка за одличната „свирка“ и покрај досудениот пенал против домакинот, кои исто така и покрај поразот од 0:2 искажаа пофални зборови за судијата Димитар Пилешков. Еве ги комплетните парови за ова 6 коло:

  1. Чешиново – Малеш
  2. Хоризонт Т – Овче Поле
  3. Тиверија – Брегалница Д
  4. Работник – Карбинци
  5. Раклиш – Спартмани
  6. Василево – Детонит

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 15 ноември со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk