Горан Здравков: Со победа против Слога, за пробив кон врвот на табелата и за помирна завршница на есенскиот дел

Утре, сабота не очекува пријатен фудбалски викенд кој ќе го зачинат екипите од Истокот со натпреварите од 11 коло во ВМФЛ. На програмата ќе бидат неколку комшиски дерби натпревари а камерите на Мнет ТВ и на ФФМ ќе бидат насочени кон Македонска Каменица.Натпреварот за обете екипи е од исклучително значење за што сведочат и самите изјави на тренерите на домакинот Каменица Саса, Горан Здравков кој по лошиот старт бара нагорна линија на формата на своите играчи.

Тренерот на Слога од Виница Крсте Крстев ќе биде задоволен од секој резултат, освен пораз.

Еве ги комплетните двојки за ова 11 коло:

Кожув – Тиквеш

Осогово – Кит Го Пехчево

Плачковица – Брегалница

Каменица Саса – Слога В

Росоман – Победа П

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 14 ноември со нов термин на почеток во 13. 00 часот со напомена дека благодарејќи на одличната соработка со ФФМ, Мнет ТВ ќе врши директен пренос од натпреварот во Македонска Каменица : Каменица Саса – Слога Виница.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk