
За 7,6 проценти поскапела цената на енергијата за само една година. Според податоците на државниот завод за статистика, овој пораст е највисок меѓу сите групи индустриски производи и се однесува на енергетските производи на домашниот пазар, меѓу кои се електричната енергија, гасот и слично. Во декември минатата година, споредбено за една година, вкупните продажни цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 5 проценти, што укажува на континуиран раст на производствените трошоци.
,,Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9 %.
Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 5.0 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 7.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %. , велат од државниот завод за статистика
Зголемувањето како што посочуваат е регистрирано и кај интермедијарните производи, без енергија, каде цените пораснале за 5,1 процент, додека нетрајните производи за широка потрошувачка се поскапи за 4,3 проценти на годишно ниво.
Иван Митев, М-Нет