Oткупени 480 тони тутун во Општина Карбинци, ќе се отвори дежурен пункт во Радање за заостанатиот тутун

Околу 480 тони тутун досега се откупени во општина Карбинци, а на државно ниво откупени околу 25 милиони тони и 900 килограми. Крајниот рок за откуп е 28 февруари. Се очекува на трети или четврти февруари да се отвори нов дежурен откупен пункт, најверојатно во селото Радање, преку кој ќе се откупи заостанатиот есенски тутун што не е предаден во редовните откупни рокови. Квалитетот на тутунот ќе ја одреди класата и цената при откупот.

,,Завршниот рок за откуп на тутунот е до 28 февруари, што значи дека има цел месец за откуп на тутунот. Во нашата општина во Карбинци има откупено околу 480 тони тутун, а на државно ниво има откупено околу 25 милиони тони и 900 килограми. Меѓутоа очкуваме на трети или четврти февруари да се отвори еден дежурен пункт во договор со министерството за земјоделие и со сојузот. Тој пункт најверојатно ќе биде во село Радање. Инаку има договор еден до два пункта за да го откупат целиот тутун што е заостанат. Ако заостанатиот тутун е обро исушен и квалитетен, ќе се продава исто прва класа, а ако не ќе оди втора или трета класа, зависи од него. “, рече Серафимов

Потепретседателот на асоцијалцијата на земјоделци Гоце Серафимов потенцираше дека бројката досега е добра, а во следните месец дена се очекува истата да биле поголема.

,,Мислам дека и оваа бројка што е сега не е мала, бројката е добра, па понатаму ќе видиме како ќе се одвиват работите. Сега е најбитно да се откупе целовкупниот произведен тутун. Имаше и есенски тутун, берен покасно, бидејќи оваа есен имаше повеќе со дожд, затоа имаше нешто плус, а околу сушењето имаше проблем. Договорено е да се откупе целата заостаната реколта.

Инаку, со отворањето на дежурниот пункт во село Радање, ќе се овозможи тутунопроизводителите да го продадат и есенскиот тутун, во зависност од квалитетот. Како што потенцираа од асоцијацијата, и за овој откуп ќе има прва, втора и трета класа.

Иван Митев, М-Нет