
Пораки за чиста животна средина, транспаренти со содржина да не се фрлаат отпадоци по улиците и надеж дека возрасните ќе ги следат стапките на децата. Учениците од основните училишта во Штип денеска се вклучија во акцијата за подигање на свеста кај граѓаните со цел да живееме во средина без ѓубре и отпадоци,.
„Денес со децата од второ одделениеод ОУ „Ванчо Прке“ Штип се собравме да покажеме како треба да ја чуваме нашата планета, да не фралем смет уште од мали нозе да се навикнуваат на таков ред.“ – вели Ничева.
Со соодветна манифестација настапија и децата од ОУ „Димитар Влахов“. Еден дел од учениците чистеа пред и околу училиштето. Учениците од останатите општински основни училишта во Штип поделија пораки на слуучајни минувачи со цел да проработи свеста кај граѓаните.
„Ние децата од ОУ „Димитар Влахов“ денеска учествуваме во оваа акција за здрава и чиста средина. Се надеваме дека ќе го следите нашиот пример“

Но граѓаните на терен согласни, свеста не работи и постојано ѓубрето наместо во канта завршува на улица. Анкетираните велат дека треба да се казнува за да ова како пракса стане минато.
„Секој треба да ја чува животната средина, ама свеста кај граѓаните слабо работи. Јас живеам таму горе се фрла ѓубре, чудо е. Треба да се казнува, само казнување.“ – велат граѓаните.
Во акцијата се вклучија и општествено одговорни компани кои и поделија подароци на учениците. Ваква акција претходно спроведоа двете детски градинки во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет