
Акцентот денеска на пазарот во Штип ставен на карфиолот. Иако е се уште рано граѓаните се подготвуваат за престојната зима и подготвуваат туршија. Продавачите велат има доволно производство оваа година. За разлика од другите произвиоди карфиолот е со прифатлива цена за граѓаните, и се бара па задоволни се и купувачите.
„Има интерес иако се уште е рано луѓето се на време снабдуваат. Карфиолот како производ е интересен и се користи во секоја салата. Се нуди по 40 денари за килограм. Оваа година има доволно производство што значи дека граѓаните не треба да се плашат.“ -велат продавачите.
Денешниот пазарен ден го оценија како задоволителен со оглед на фактот дека раздвиженост имаше уште рано изутрина.
За купувачите дрстична промена во цените на производите нема споредбено со пертходниот петок, ама велат согласно нивните примања пазарот е скап.
„Пазарот како секој петок, нешто скапо, нешто евтино. Производство има нешто гледам повеќе бараат ајварски пипер“ – велат купувачите.
Покрај карфиолот, ајварскиот пипер и производите за зимница се бараше и сезонското овошје.
Лаура Стојанова М-Нет