Книгата „Ориз во поезијата“ излезе од печат, Кочани подготвено за почеток на „Денови на кочанскиот ориз“

„Ориз во поезијата“ е новатта книга на авторите Стојменови која вчеравчер беше промовирана во кочанската библиотека Искра. Оризот и оризовите полињасе опеани во самата книга која се состои од шест народни песни и 56 авторски односно уметнички песни, најголем дел од роднокрајните автори.

„Книгата Ориз во поезијата е дело кое е содзавано повеќе години.Идејата за создавање на оваа книга ни дојде од средбите кои ги имавме со писателите кои го посетуваат Кочани за време или на петровденските конаци или пак на денови на оризот. Сите тие ги понесуваат импресите од Кочани и посебно се импресионирани од самата жетва на оризот што ќе биде поттик и испирација кога ќе се вратат во своите места да создадат песни“ – вели Љупка Стојменова

Книгата Ориз во поезијата излегува од печат за 32. издание за манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, манифестација која официјално со настани започнува од вечерва. Во наредните три дена Кочани ќе биде епицентарот на случувањата, а за гостите од државата и странство се подготвени низа настани.

„Ме радува што токму оваа книга излегува токму за 32. издание на манифестацијата Денови на кочанскиот ориз бидејќи реков оризот е таа испирација“- додава Стојменова.

Кочанската библиотека Искра во одбележување на оваа манифестација се вклучи со секојдневни промоции на книги. За вечерва е закажана промоција на книгата „Книжевни портрети и рецензии“ на роднокрајната авторка Славица Цветкова.

Лаура Стојанова М-Нет