
Шаренило од бои, насмеани лица, забава и дружба. Преку игра и песна дечињата од големата група од детската градинка „Астибо“ Штип вчеравечер на плоштадот Слобода го прославија својот последен ден во градинка. Од први септември тие седнуваат во училишните клупи. Под мотото Растеме со игра, дечињата приредија вистинска програма во која можеше да ужива секој случаен минувач. Со овој настан истовремено беше одбележан и Светскиот ден на детето во Штип.
„Дечињата од нашата градинка, поточно дечињата од големите групи од детската градинка „Астибо“ – Штип го одбележуваат овој ден, односно нивниот таканаречен последен ден во градинка, бидејќи од септември заминуваат во училиште. Со настанот Растеме на игра на градскиот плоштад, учествуваа десет групи од сите пет објекти од нашата градинка, кои играат игрички на дадена кореографија каде во еден дел во игричките се придружуваат и нивните родители“ – кажа Трајковска.

Настанот беше проследен од голем број публика, а во играта уживаа и родителите на децата.
Лаура Стојанова М-Нет