
Отворен новиот салон на ТЕЛКО во Штип, шести по ред во државава. Како овластен партнер на М-ТЕЛ компанијата, која минатата година дојде на македонскиот пазар, ТЕЛКО нуди широк спектар на услуги. Освен телевизија, во тековната година корисниците ќе може да се приклучат и на мобилната телефонија и интернетот, а и да ги следат сите натпревари на македонската фудбалска репрезентација, за коишто правата ги има Арена.
„Сѐ уште ги имаме трите пакети, коишто се најпродавани периодов, за коишто правиме мала револуција на македонскиот телекомуникациски пазар со цените коишто ги имаме и со пакетите коишто ги нудиме. Сѐ уште трае промоцијата за трите пакети, со половина цена од претплатата во наредната година доколку се земе сега. Ги имаме најдобрите цени и најдобрите пакети. Нешто ново што сите го очекуваме и сите прашуваат кога ќе започнеме е мобилната телефонија и интернетот. Очекуваме во најбрз можен рок, не можам точно да кажам за сигурно, но ќе биде ова лето. И секако М-САТ телевизија со целиот програмски пакет“, вели Ванчо Костурски, маркетинг менаџер на „ТЕЛКО“.
Новиот салон во Штип е на видна локација, а за да станете претплатник може да се обратите и на контакт телефонот, електронската пошта, како и на официјалната веб – страна на ТЕЛКО. Потоа во најкус можен рок може да ја очекувате техничката екипа којашто ќе ја изврши инсталацијата.
„Салонот ни е во центарот на Штип, на ул. „Ванчо Прќе“. Може многу бргу да нѐ препознаете. Телефонот на којшто може да нѐ исконтактирате е 077/940-377. Летниот период е најубавиот период да го смените вашиот оператор и да започнете да работите со нас“, додава Костурски.
Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на земјава. Динамичноста што го карактеризира пазарот, како на светско, така и на локално ниво, претставува основа при изборот на услуги и технологии што компанијата ги нуди до крајните потрошувачи.
Ребека Спасова М-Нет