Детските градинки во Штип ќе бидат целосно уредени, со нова ограда, детски реквизити, помагала

Поставување на нови детски реквизити, уредување на дворно место, замена на заштитна ограда на неколку клонови при детските градинки Вера Циривири Трена и Астибо во Штип. Во наредните неколкудена се очекува и новиот анатомски енетериер, со што дечињата сместени во градинките ќе добијат подобра грижа. Увид во работите денеска изврпи градоначалникот Јорданов во клонот Росица во штипско Ново Село.

„Во текот на денешниот ден во неколку клонови на градинките Астибо и Вера Циривири Трена ќе се врши поставување на нови детски реквизиити, уредување на дворно место и замена на заштита ограда на овие неколку објекти. Во најава е и треба да пристигне нов анатмоски ентериер, нови масички и столчиња за дечињата кои се згрижени во сите детски градинки. Инвестицијата која ја вложуваме во двете градинки е околу седум милиони денари. Денеска сум овде да направам увид во клонот Росица.“ – кажа Јорданов.

Директорката Ангеличкова истакна дека дополнително со средства од Буџетот на градинката ќе се обезбедат и детски помагала, односно играчки за радостни празници за најмалите.

„Како што најави и градоначалникот денеска сме во клонот Росица во Ново Село, за промена на заштитната ограда. Денес и утре ќе бидат поставени и детските реквизити во овој клон, но и во останатите клонови. Чест и гордост ми е да најавам дека за Нова Година од Буџетот ќе набавиме и детски помагала односно играчки, оваа набавка ќе биде завршена овие денови.“ – додава

На крајот на оваа година ќе се подобри состојбата како и ситуацијата во сите градинки на теритроија на Општина Штип, додаде Јорданов.