Академија Пандев се раздели со Виктор Ангелов

Академија Пандев продолжува со „ремонтот“ во тимот за пролетната полусезона од Прва лига, во која целта ќе биде директен опстанок во фудбалската елита.

Во „ремонтот“ кој започна пред неколку денови, Академија Пандев се ослободи од Виктор Ангелов, со што во пролетниот дел и дефинитивно ќе гледаме многу промени во тимот на струмичкиот прволигаш.

28-годишникот минатата сезона пристигна во Струмица како замена за Мартин Мирчевски, кој замина во Србија, а пак летово, Ангелов бараше нов клуб, но сепак, остана во Академија Пандев.

Во својата кариера Ангелов настапуваше и за Шкупи, Работнички, Металург и Тетекс на домашната сцена, а пак на меѓународната беше дел од Ујпешт, Широки Бријег, Волунтари, а во младинската кариера беше дел од Борусија Дортмунд и Шалке 04.

Ангелов играше на Европското првенство во 2017 година со младинската репрезентација на Македонија.