Детската градинка во Кочани во завршна фаза, со отворањето ќе се згрижат 112 деца

Кои се недостатоците кои треба да бидат отстранети за да почне со работа новата детската градинка во Кочани? Ова беше главниот акцент на денешната посета на министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, во Кочани. Истакна дека градинката е во завршна фаза и дека со отворањето ќе се намали листата на чекање на деца кои треба да бидат згрижени во оваа детска градинка.

„Градинката е започната да се гради пред четири години, денеска сме во завршма фаза ама има недостатоци. Разговаравме кои се недостатоците кои треба да се отстранат за да може да се згрижат децата и да се намалат листите на чекање. Ќе ги погледенеме детално сите недостатоци кои беа констатирани и се надевам дека во краток временски период ќе успееме да ги отклониме истите.“ – вели Велковски.

Велковски посочи дека ќе се работи и на проблемот со вработувањето на нов кадар, односно воспитувачи и негователи во оваа детска градинка. Проблем постои со лиценците согласен е тој, ама вели дека истиот ќе се надмине со што над 100 дечиња ќе може да бидат соодветно згрижени во оваа детска градинка. Во врска со зарзната болест голема кашлица директорката посочи дека проблеми за сега нема.

„Во новата градинка ќе бидат сместени 112 дечиња во пет групи и се надевам дека ќе ни ја намали листата на чекање која во моментот е од 150 до 160 дечиња. Во моментот немаме дечиња регистрирани со голема кашлица, а вакциналните статуси кај 99,9% кај дечињата се средени“ – вели Ефтимова.

Детската градинка во Кочани започна со изградба пред четири години, со што се очекува да биде отворена во најкраток временски рок и во неа да бидат згрижени децата кои чекаат ред. Со тоа листата на чекање од 150 би се намалила на 30 дечиња.

Лаура Стојанова М-Нет