Новата цена на водата за пиење во Штип тема за препирки меѓу власта и опозицијата

Новата одлука за тарифата на водата во Штип повторно е тема на прес-конференција на ОО СДСМ Штип. Оттаму велат дека штипјани водата ќе ја плаќаат по цена повисока за три денари. Според нив ова преставува вистински удар по џебот на граѓаните и негрижа за стандародот на штипјани.

„Станува збор за покачување на цената на водата што ја користат штипјани за периодот од 2024 до 2026 г. Па така според новата тарифа, за еден метар кубен вода за пиење годинава штипјани ќе ја плаќаат приближно 40 денари , односно за 3 денари поскапа ценa во однос минатата година, а во 2025 и 2026 цената ќе се зголемува за приближно еден денар. JП Исар под раководство на ВМРО ДПМНЕ во изминатиов период ја зголеми и цената на услугите за собирање на смет за неверојатни 110 проценти“ – велат од СДСМ.

СДСМ очајно преку прес ги манипулира граѓаните. Тарифата со која се утврдува цената на водата ја носи Регулаторна комисија за енергентика – стои во одоговорот од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штипп.

„Безидејноста и стравот од фактот дека за неполни 76 дена од денес, СДС ќе ги изгуби привилигиите поради неспособност и коруптивно владеење во изминатите 7 години, го наведува СДС очајно преку пресс да ги манипулира граѓаните. Имено, решение за регулирана тарифа со која се утврдува цената на водата во Оштина Штип и се задолжува ЈП Исар да го спроведе, донесе регулаторна комисија за енергетика, која впрочем е предводена од кадар на СДС на централно ниво. Со лаги и манипулации дојдовте на власт, така владеевте на штета на граѓаните, со лаги и манипулации ќе заминете во политичка пензија!“ – стои во писменото соопштение од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет