
Детонит Плачковица одигра 0:0 во дуелот со струшки Караорман на Градскиот стадион во Радовиш, со што радовишани го сочуваат својот терен и остануваат и понатаму непоразени на домашен терен.
Тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски, за телевизија М Нет, вели дека не одиграле според договореното, а додава дека недостасувала брзина и поагресивен пристап во играта.
„Не одигравме така како што се договоривме, целиот натпревар се одвиваше во едно темпо кое не беше на задоволително ниво. Ни недостасуваше брзина и поагресивен пристап во текот на целиот натпревар“, вели Варадиновски за телевизија М Нет.
Детонит Плачковица останува на четвртото место на табелата со 41 освоен бод, а во следното коло ќе игра тежок меч против Локомотива на гостински терен.