Детонит Плачковица со голема победа над Пелистер, Беса и Арсими до нови победи

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, а дербито се играше на Градскиот стадион во Радовиш каде се соочија екипите на Детонит Плачковица и Пелистер во борбата за трите бодови, борбата за Прва лига и дуел на двајцата штипски стратези Иван Варадиновски и Влатко Костов.

Натпревар кој гледачите на телевизија М Нет можеа да го следат во живо на телевизија М Нет.

Детонит Плачковица со минимални 1:0 дојде до голем триумф над Пелистер на Градскиот стадион во Радовиш, кој останува „неосвоена тврдина“, откако Стефан Бабунски погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел капитенот Благоја Љамчевски не реализираше пенал, Димитар Ѓоргиев беше сигурен на голот. Со тоа Детонит Плачковица на домашен терен има 10 од 10, максимални 30 бодови, без примен гол, а постигнати 22 гола. Радовишани дома немаат ниту загубен бод.

Осогово и Победа одиграа реми без погодоци (0:0), а реми без погодоци имаше и во Струмица меѓу Беласица и Башкими.

Караорман на домашен терен во финишот загуби од Скопје откако Мердиан Рамадани во 85. минута постигна гол за 0:1.

„Фенерџијата“ Каменица Саса доживеа нов дебакл на домашен терен откако загуби со 0:3 од лидерот Беса. Филип Алексовски беше двоен стрелец, а гол постигна и Христијан Драгарски. И овој меч гледачите на телевизија М Нет можеа да го следат преку спортскиот канал М Нет Спорт.

Новаци и Тетекс ги поделија бодови во меч каде одиграа 1:1 Стефан Стефановски во 80. минута погоди за 1:0, а Дејан Цветаноски постигна гол за 1:1 една минута подоцна.

Охрид дојде до триумф во Неготино каде со минимални 0:1 славеше над Вардар во борбата за 5. место, откако Филип Димоски во 69. минута погоди за 0:1.

Кожуф на домашен терен загуби од Арсими со резултат од 0:2. Арѓент Гафури во судиското надополнување на првиот дел погоди за 0:1 на полувреме, а во судиското надополнување на второто полувреме Амир Нухија погоди за конечните 0:2.

Александар Ванев, М-Нет