
Земјоделците од „Овчеполски фармер“ доставија писмо до ресорното министерство, со цел да се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште. Рок имаат до утре, во спротивно во четврток во 10 часот излегуваат на протест со тратори и земјоделска машинерија и влокада на Свети Николе. Ангел Стојчев, претседател на „Овчеполски фармер“ денеска изјави дека утре во 11 часот е закажана средба со министерот, па се надеваат на решение за проблемот.
„Има веќе договорена средба, утре ќе дојдат во 11 часот, министерот за земјоделство и правникот велат дека сакаат да го решат проблемот. Да видиме како ќе го решат проблемот. Ако не го решат излегуваме на протест“ – вели Стојчев.
Барање за продолжување на договорите тие доставиле уште кон средината на претходната година, ама договорите наместо да се продолжат тие се раскинати. Според информации од „Овчеполски фармер“ продолжување ќе имало дури по изборите. А, од таа земја егзиситираат речиси 90 семејства.
„Договорите изминуваа во декември и ни ги раскинаа, а не се ни продолжени. Дда ги потсетиме горе во земјоделие под итно да ни ги продолжат договорите, оти ние од таа земја живееме.
Посочува дека бројот на земјоделци на кои не им продолжен договорот за закуп на земјоделско земјиште е поголем од 88. Тој посочува дека станува збор за земјоделци кои имаат под закуп од 10 до 20 хектари, а на земјиштето веќе се посеани земјоделските култури. На ова земјиште се произведува пченица, јачмен, пченка, детелина и бостан. Во моментов овие земјоделци не ги следува и субвенции, бидејќи договорите за закуп не им се продолжени.
Лаура Стојанова М-Нет