
Брегалница денес на Градскиот стадион во Штип игра важен меч во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига против лидерот на табелата екипита на Шкупи.
На овој меч гостинот од Чаир ќе ја има улогата на фаворит, а штипските „сини“ ќе се потпираат на домашниот терен и поддршката од домашната публика и верната „Фаланга“.
Двајцата стратези, Горан Здравков на Брегалница и Младен Жижовиќ на Шкупи ги објавија состави со кои ќе настапат на денешниот натпревар кој се игра во Штип, а во рамки на вонредното 22. коло од македонската фудбалска елита.
Ова е дуел на претпоследната Брегалница и лидерот на табелата Шкупи. Трите бодови се императив и за двете страни. „Сините“ сакаат три бодови во тешката борба за опстанок, додека пак Шкупи сака три бодови со цел да го сочува првото место.
- СТАРТНИ СОСТАВИ: Брегалница – Шкупи, 22. коло ПМФЛ:

Александар Ванев, М-Нет