Дерби на Истокот за опстанок меѓу Саса и Осогово, дуел на екс прволигашите Скопје и Пелистер

Викендот ќе се одиграат натпреварите од 23. коло од Втората македонска фудбалска лига, а дербито на Истокот, а воедно и дербито за опстанок се игра во Македонска Каменица меѓу екипите на Саса и Осогово.

Натпревар важен и за двете екипи кога е во прашање борбата за опстанок. Ова ќе биде дуел на последнопласираната на Саса и Осогово кој е во бараж зоната за опстанок. Пораз за Саса ќе значи и се поблиску испаѓање во Трета лига – Исток, а од друга страна триумф може да ги доближи Осогово односно бараж зоната на само три бодови. „Жетварите“ со триумф ќе може за првпат да излезат од опасната зона, бидејќи имаат само бод негатива.

Детонит Плачоковица на домашен терен ќе се соочи со прилепска Победа, во меч каде ланскиот прволигаш ќе биде пред предизвик за првпат да го порази Детонит Плачоквица на Градскиот стадион во Радовиш каде никој ниту гол дал, ниту бод освоил. Во првото соочување прилепчани беа подобри од радовишани во Прилеп.

На „Железарница“ во Автокоманда ќе се соочат Скопје и Пелистер, соочување на два поранешни прволигаши. Двајца искусни стратези, Љупчо Марковски – Калц против Влатко Костов во дуел за трите бодови. Битолачани веќе имаат плус шест во однос на радовишани, а доколку триумифраат во Автокоманда, ќе направат чекор напред кон враќање во елитата.

Арсими на домашен терен ќе игра дерби натпревар против Охрид во меч каде трите бодови им се потребни на домаќините доколку сакаат да продолжат со притисокот за третото место кое води во баражот за Прва лига.

Во Струга се игра директна дерби пресметка меѓу Караорман и Тетекс во меч каде трите бодови се императив и на двете екипи за опстанок во Втората лига. Стружани со 15 бодови се претпоследни на табелата, а пак Тетекс е на 13-тото со 21 бод на своето конто.

Кожуф никако да забележи триумф во пролениот дел и веќе е влезен во голема резултатска криза, па во сабота на домашен терен против Башкими ќе мора да ги бара трите бодови со цел да не влезе во комплицирана борба за опстанок во Втората лига. На последните пет натпревар Кожуф од можни 15 бодови освои само два бода.

Вардар Неготино на домашен терен ќе игра против лидерот Беса, во меч каде екипата на Александар Таневски ќе ја има улогата на фаворит за нов триумф.

Новаци на домашен терен против Беласица ќе бара излез од резултатската криза, бидејќи во пролетниот дел екипата на Новаци нема триумф, евентуален пораз на Новаци, може да го спушти две места на табелата и да влезе во комплицирана борба за опстанок.

Сите натпревари ќе стартуваат во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет