
Овој викенд на програмата се натпреварите од 26. коло од Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено во сабота во Кравото каде ќе се соочат Силекс и Гостивар дерби за четвртото место на табелата.
Во недела ќе бидат одиграни пет натпревари. Брегалница на Градскиот стадион во Штип ќе се соочи со Шкупи, а деби на клупата ќе има Трајче Сенев, откако вчера беше назначен за нов тренер.
Македонија ЃП врза две победи по големата резултатска криза и во победнички ритам ќе ја пречека Шкендија во обид за трета победа во низа со која „лавовите“ би можеле да излезат од опасната зона на табелата.
Тиквеш и Брера во Кавадарци ќе играат дерби од средишниот дел на табелата, Вардар на домашен терен ќе игра против актуелниот шампион и лидер Струга Трим Лум, а пак во Охрид на „Билјанини Извори“ ќе се соочат Воска Спорт и Работнички.
Во Охрид ќе гледаме соочување на двете екипи кои со по 27 бодови се израмнети на осмото место на табелата, триумфот е важен и за двете екипи во обид за бегство од опасната зона.
Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет