Дербито во Охрид и во Автокоманда може да направи промени во врвот од табелата

Утрешното 17-то коло ќе носи две дерби пресметки меѓу директни конкуренти за влез во Прва лига, а исходот од двата натпревари може да донесе промени на самата табела.

Во Автокоманда на стадионот „Железарница“ се игра натпреварот меѓу Скопје и Беласица каде влогот од трите бодови е голем и без право на грешка се и двете екипи. Скопје ќе има силна поддршка од „пиратите“ и предност ќе биде што игра на домашен терен, додека пак Беласица по поразот во претходното коло од Охрид не смее да си дозволи нов кикс со директен конкурент.

Победа за Скопје ќе значи и 35 бодови на контото и со тоа да се доближи до врвот, а од друга страна победа за Беласица ќе значи враќање на четвртото место односно да го скокне Скопје. Во случај пораз за Беласица, би можела да заврши дури на седмото место, ако Новаци и Детонит Плачковица забележа победи.

Дербито на „Билјанини Извори“ исто така ќе има влијание и ќе биде клучен меч. Лидерот Охрид го пречекува второпласираниот тим Шкендија Арачиново. Разликата меѓу нив е еден бод. Ако слави Охрид ќе се одлепи на плус четири, со реми Охрид ќе биде лидер одново со плус еден бод, но конкурентите ќе се доближат како Брегалница која ако слави над Вардар Неготино на домашен терен што е за очекување ќе има 36 бодови, како и победникот од дербито меѓу Скопје и Беласица.

Само победа за Шкендија Арачиново ќе значи и прво место на табелата односно тимот од Арачиново да биде нов лидер.

Токму затоа и влогот за трите бодови од овие два натпревари ќе биде голем и може да направи некои промени на табелата, а најмногу ќе добие Брегалница ако слави пред верната публика и ако на дерби пресметките нема победници.

Александар Ванев, М-Нет