Во ЖИВО на М Нет супер дербито на колото: Македонија ЃП – Брегалница, сабота од 13 часот

Единаесеттото коло во Втората лига ни го носи супер дербито на колото меѓу ланските прволигаши Македонија ЃП и Брегалница, дерби кое ќе можете да го следите на М Нет телевизија.

Брегалница е непоразен лидер со 24 бодови на своето конто, а пак Македонија ЃП е втора со бод помалку односно 23 бодови. Супер дерби каде целта е три бодови и на двете екипи. Двете екипи лани заедно испаднаа од Прва лига, а оваа сезона двете екипи важат за главни фаворити за експресно враќање во Прва лига.

Право на грешка немаат ни едните ни другите, а реми на супер дербито најмногу ќе му одговара на Башкими, кој доколку триумфира над Осогово на домашен терен како голем фаворит, тогаш Башкими ќе биде лидер на табелата.

Правдата на супер дербито на двата лански прволигаши Македонија ЃП и Брегалница ќе ја дели Фатмир Бафто од Охрид, а истото ќе може да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија, сабота од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет