Дерби во Радовиш на штипските стратези Здравков и Костов – Детонит Плачковица или Брегалница за трите бода

Утрешното 25. коло го носи големото дерби во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Брегалница, дуел на двајца штипски стратези Горан Здравков и Влатко Костов, кој ќе го има „рецептот“ за трите бодови.

Брегалница како лидер ќе гостува во Радовиш, каде оди по целиот „плен“ и само тоа е опција и само тоа е во мислите на штипјани, последните три меѓусебни средби завршиле без победник.

Радовишани последно славеа над Брегалница на 29 септември 2018 година со 2:0, а пак „сините“ беа подобри од Детонит Плачковица последно на 20 јули 2024 година, на пријателски меч со 2:1, ако се гледа според официјални натпревари, тогаш „сините“ над радовишани славеа со 3:0 на 20 април 2019 година.

Традицијата вели дека треба да очекуваме најмалку два гола, оваа сезона во Штип немаше победник двете екипи одиграа 0:0.

Двајцата тренери веќе работат на подготовка за овој меч, утре во 15:30 часот ќе треба да ги откријат картите со каков состав ќе истрчат, кои ќе бидат џокерите и каква ќе формацијат и тактиката.

За разлика од 1 ноември минатата година, сега влогот е многу поголем. Брегалница ако го освои Радовиш ќе направи голем чекор кон враќање во Прва лига, тоа за Влатко Костов ќе биде шеста промоција, а вторпат со Брегалница. Претходно, покрај Брегалница од Втора во Прва лига ги внесе Осогово, Хоризонт Турново, Куманово и Пелистер.

Според формата Брегалница има врзани пет победи, а Детонит Плачковица три, на домашен терен Детонит Плачковица оваа сезона имаше осум победи, со две ремија и два порази, а пак Брегалница во гости има најдобри од сите екипи во лигата со форма од девет победи, две ремија и еден пораз тој од Кожуф во Гевгелија.

Што ќе биде пресудно, ростерот, формата, домашинот терен, тактичката, искуството или можеби некоја грешка, дербито од Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Брегалница следете го утре, сабота од 15:30 часот на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет