Стартува мисијата на штипјани за влез во елитата: Кошаркарите на Соколи в недела против Бутел во Штип

Овој викенд започнува полуфиналето од плеј-офот на Првата кошаркарска лига на Македонија за влез во Супер лигата.

Штипјани ја започнуваат мисијата која минатата сезона не ја исполнија за да обезбедат влез во елитата. В недела во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се одигра првиот меч од полуфиналната серија меѓу Соколи и Бутел со почеток од 19 часот.

Штипјани бараат силна поддршка од верните навивачи, сакаат полна трибина во „Јордан Мијалков“ и со победа да ја отпочнат полуфиналната серија.

Веќе се познати и официјалните лица за овој натпревар, Давидов е прв судија, Ѓорески е втор судија, а Ников е трет судија, а пак Димовски е делегат.

Другиот полуфинален меч е меѓу Струмица и Борец Баскет, кој ќе се одигра веќе утре односно сабота од 17 часот во спортската сала „Никола Карев“.

Струмичани беа перфектни и завршија на првото место и вкрстија со велешани кои завршија на четвртото место.

И за овој меч познати се официјални лица односно Мелов е прв судија, Ацевски втор, а Гавриловски е трет судија, додека пак Илиевски е делегат.

Во Супер лигата влегува само победникот од финалната серија.

Александар Ванев, М-Нет