
Продолжува голеадата и во второто коло од Втората македонска фудбалска лига, откако и денес беа постигнати погодоци на сите натпревари од втората рунда, која ќе биде комплетирана утре во Куманово меѓу Башкими и Македонија ЃП, меч кој може ексклузивно да го следите на телевизија М Нет од 16 часот.
Најмалку погодоци или по два беа постигнати во Македонска Каменица и Новаци, најмогу во Охрид дури шест и Прилеп дури пет.
Дербито на Југот во Богданци го одбележа второто коло со нaјмногу публика, оваа мало гратче покажа зошто го сака спортот и зошто живее за истиот. Натпреварот можевте да го следите на телевизија М Нет, а на истиот прв до рано водство дојде Вардарски со голот на Баламов, а во финишот на првиот дел Манасиевски постигна гол за 1:1.
Во вториот дел Гроздановски со два гола обезбеди триумф од 1:3 за екипата на Кожуф, а тоа предизвика пеколна атмосфера на трибината каде што беа верните „Фантоми Север“ кои славеа со фудбалерите на Кожуф.
Вардар Неготино со два пенали дојде до бод против Беласица на домашен терен откако одигра 2:2. Најдов во 19. минута од пенал донесе предност за Вардар од 1:0, а Милушев израмни на 1:1. На стартот од вториот дел Најдов со нов гол од пенал донесе нова предност за Вардар од 2:1. Во 66. минута Јовов ги постави конечните 2:2, откако претходно Беласица остана без играч помалку поради црвениот картон на Митров.
Победа со „петарда“ (5:0) го „здроби“ повратникот Борец на Градскиот стадион во Прилеп. Младата екипа на Победа одново покажа како се игра со срце за прилепската фудбалска гордст, покажа и докажа дека го сакаат клубот.
Дебрешлиоски по 15 минути игра погоди за 1:0, а Талески постигна гол за 2:0 од белата точка. Во вториот дел Талески со втор гол зголеми на 3:0, а Маневски поради втор жолт картон го напушти теренот, додека пак Павле Петров си постигна автогол со што домаќинот веќе имаше 4:0. Во финишот на мечот Петар Јакимов капитулираше по петти пат на голот на Борец, откако Трајкоски постигна гол за конечни 5:0.
Брегалница со головите на Даноски и Глигоров дојде до триумф над Новаци од 0:2, а во првиот дел Серафимов одбрани пенал за „сините“ на Сенев.
Осогово во финишот до бод против Скопје откако одигра 1:1. Тасевски беше стрелец за „пиратите“, а пак Јованов беше стрелец за „жетварите“.
Детонит Плачковица во вториот дел со 0:2 ја совлада Каменица Саса во гостински терен. Стефан Бабунски во 61. минута погоди за 0:1, а пак новото засилување Кирил Неделков за конечни 0:2.
Арсими со 2:4 го декласираше Охрид на „Билјанини Извори“ во меч каде Аљбин Рамадани постигна хет-трик за Арсими, а стрелец на еден гол за гостинот беше Арѓент Гафури. За домашниот тим гол даде новото засилување Сашо Дуков, како и Филип Димоски.
Утре ќе се комплетира колото со натпреварот во Куманово меѓу Башкими и Македонија ЃП, меч кој ќе може ексклузивно само на телевизија М Нет да го проследите преку директен пренос од 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет