
Од 1. до 3. март ќе се одржи меѓународен турнир по повод јубилеј 20 години од основање на фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт кој ќе се одржи во Куманово, а во организација на самиот клуб.
На турниот ќе настапат звучни имиња од Македонија, Балканот и Европа. Ќе се натпреваруваат осум екипи во генерација 2013 односно У-11. Домаќин и организатор на самиот турнир е Куманово Еуроспорт од Македонија, а ќе настапат српскиот гигант Црвена Звезда, гигантот Депортиво Ла Коруља од Шпанија, Бершот од Белгија, ЦСКА Софија од Бугарија, Бриње Гросупље од Словенија, екипата на Малта од Малта, како и Сарајево од Босна и Херцеговина.
Овие осум екипи ќе бидат распределени во 2 групи. Натпреварите ќе траат 40 минути односно две полувремиња по 20 минути, со 5 минути полувреме. По завршување на групната фаза, првите две екипи продолжуваат во нокаут фазата и обезбедуваат пласман во полуфиналето (по принцип првиот од едната група ќе вкрсти со вториот од другата група) додека екипите што ќе завршат на 3 и 4 место во групата ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место – што обезбедува минимум 4 натпревари за секоја екипа на турнирот.
Натпреварите ќе се играат во формат 6+1. Димензии на теренот се 50 на 30 метри, големина на голови 5 метри, се игра на природна трева, големина на топка 5.
Овој меѓународен турнир ќе биде медиумски поддржан од телевизија М Нет.
Александар Ванев, М-Нет