Викендот се играат натпреварите од 1. коло од пролетната сезона на Детската лига – Југозапад

Викендот се играат натпреварите од 1. коло од пролетната сезона на Детската лига – Југозапад. Во овој регион играат шест генерации, односно генерација 2011, 2012, генерација 2013, 2014, како и генерација 2015 и генерација 2016.

Денес ќе се играат натпревари во Кичево, а пак утре ќе се играат натпревари во Струга.

Во генерација 2011 се натпреваруваат Еврофудбал, Некст Левел, Кичево, Ускана, Караорман, Академија Пандев МБ, Кораби, Фер Плеј, Влазерими Ј и Јанг Тим. Во генерација 2012 се натпреваруваат повеќе екипи односно Фљамуртари, Еврофудбал, ВОска Спорт, Јанг Тим, Фер Плеј, Кичево, Напредок, Ускана, Велешта, Ас Унитед, Ултра Кидс, Олимпик Старс, и две екипи на Некст Левел односно Некст Левел А и Некст Левел Б.

Во генерација 2013 ќе се натпреваруваат Караорман, Еврофудбал, Фер Плеј Б, Фер Плеј А, Јанг Тим, Влазерими Ј, Академија Паднев МБ, Ускана, Велешта, Ас Унитед, Ултрас Кидс и Олимпик Старс.

Во генерација 2014 ги имаме следниве екипи: Фер Плеј, Некст Левел А, Некст Левел Б, Јанг Тим, Ускана, Евро Фудбал, Воска Спорт, Ас Унитед, Фљамуртри, Ултрас Кидс.

Во генерција 2015 се натпреваруваат Фер Плеј, Евро Фудбал Б, Јанг ТИм, Некст Левел, Ускана, Евро Фудбал А, Олимпик Старс, Напредок, Влазерими Ј, Караорман, Велушта, Ултрас Кидс.

Во генерација 2016 се натпреваруваат Евро Фудбал Б, Ултрас Кидс, Велешта, Некст Левел, Евро Фудбал А, Ускана, Фер Плеј Б, Фер Плеј А, Некст Левел Б и Јанг Тим.

Координатор на Детската лига – Југозапад е Никола Цветкоски, а овој регион од детската лига на ФФМ последниве години ја подобрува и подига организацијата.

Александар Ванев, М-Нет