Депониите се одржуваат но, несовесноста на граѓаните е безгранична

Депониите се место наменети за фрлање отпад, но неконтролираното оставање на секакво ѓубре, градежен материјал, остатоци од животни, габаритен отпад и слично само е додаток плус за и така веќе грдата слика, да помине секаква димензионалност. Во штипско депонии има на повеќе локации, и сите се ограничени за одреден вид отпад, но граѓаните продолжуваат да фрлаат се и сешто.

Таква е и ситуацијата во Општина Карбинци, каде што на постоечката отворена депонија не пречека отпад кој и не е предвиден за овде. Миризба се ширеше, животни јадеа остатоци од други фрлени мртви животни, ветерот помогнал па лесниот отпад како хартија и кеси зазел место и во нивите. Природата понудила свој благодет, но граѓаните не знаеле и не умееле да го искористат истиот. За она што го видовме на лице место побаравме одговор од надлежните, односно од Јавното претпријатие „Плачковица“.

„Ние Јавното претпијатие, депониите што ги имаме во Општина Карбинци ги одржуваме со свој багер, со кој ги средуваме депониите 3 до 4 пати годишно. Депониите се од отворен тим и таму се депонира ѓубрето и сметот кој го собираме од селото – истакна Јанков.

Тој апелираше до граѓаните да внимаваат каков отпад и смет ќе фрлаат во нивните корпи за отпадоци.

Дали одговорноста на надлежните е доволна да ја надмине несовесноста на граѓаните останува да покаже забот на времето?

Бидејќи, и покрај тоа што е депонија и е отворена, не значи дека секој отпад треба и мора да заврши на ова место.

Лаура Стојанова М-Нет