
На 04.01.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода В.Т.(52) затоа што околу 16.30 часот во семејниот дом во штипско село физички ја нападнал неговата 74 – годишна мајка. По комплетирање на случајот против В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.