Денешниот студен петок ја намали раздвиженоста на пазарот во Штип, а тие што излегоа пазарот го оценија како скап

Денешниот студен петок ја намали раздвиженоста на пазарот во Штип. И тие што денес излегоа за да го купат потребно, пазарот го оценија како скап. Велат дека ако порано купувале три килограми, сега купуваат еден килограм, па како што додаваат за нив ваквата ситуација е тешка. Граѓаните истакнаа продукти има колку што сакаат, ама парите се многу помалку од нивните желби.

И продавачите децидни дека е послаба раздвиженоста овој петок, но и побарувачката споредбено со минатите петоци.

Инаку, овој петок најмногу се купуваше зелката, морковот и цвекото од зеленчукот, а од овошките кивите, мандарините и бананите.

Лаура Стојанова, М-Нет