
Извлечени се паровите за осминафиналето од футсал Купот на Македонија. Ждрепката посака второлигашот Мал Ајакс од Штип да се соочи со прволигашот Црна Река од Кавадарци, Бутел налета на освојувачот Форца, а пак Балкан ќе игра со велешкиот прволигаш Кеги Моби.
Прволигашко соочување на Осогово и Проект, Јувентус Серава ќе игра проти Клими, Кораби налета на прволигашот Шкупи.
Екипата на Кратово која настапува во Втората футсал лига ќе игра против Железарец, а пак второлигашко соочување ќе има меѓу Партизан Југ од Брвеница и прилепска Победа.
Натпреварите е планирано да се одиграат на 21. и 22. декември.
Александар Ванев, М-Нет