
Револт кај оризопроизводителите од Кочанско на Штипскиот пазар. Велат дека оризот тешко се откупува, бидејќи откупувачите нудат цена која за нив е поразителна. Со таква откупна цена, велат, не можат да ги покријат ни трошоците и практично работат бадијала. Многу често, додаваат, оризот им го враќаат назад со образложение дека не бил добар и немал доволно квалитет.
,,Значи 45 години јас продавам ориз,по 10 тона бел, тоа се 450 тона. Нека израчунат. Купил сум трактор, фреза, приколица, кола, куќа и не сум земал еден денар од оваа држава скапа. Oваа година само има просо, водата е никаква.”, вели Димитров
Производителите велат дека проблемот не е само во откупната цена. Годинава дополнително мака мачат и со плевелот и скапите препарати, па стравуваат дека родот ќе биде уште послаб.
,,Па што да ти кажам, нема откуп, ако го откупе гледа да ти го земе џабе. Или џабе ќе ти го земе или не ти го зима. Јас сум гледал неправда, бил сум на вагата, кгоа мерат, еден човек имаше две приколици ориз, му велат дека не е е добар и го врнаа. Е сега зависи некој што е повеќе домакин има каде да го чува оризот, но некој која нема, ако не е сув оризот расипува со. Јас го продавам по 120 денари килограм на пазарот. Оваа година посебно ќе биде катастрофа. Препаратите не го ништат плевело, а скап е и сега кога ќе отидеш на нивата не можеш да ја познаеш.”, кажа Данилов
Оризопроизводителите додаат оти, ако вака продолжи ситуацијата, не знаат за што ќе работат и што ќе им остане од целата мака. Бараат да се најде решение, за оризот да им се откупува по цена од која ќе имаат барем некоја сметка.
Иван Митев, М-Нет