Со новогодишни лампиони и украси, дечињата од ДГ,,Вера Циривири Трена“ денес ја украсија и нивната новогодишна елка

Со новогодишни лампиони, украси и сијалички, дечињата од ДГ Вера Циривири Трена денес ја украсија и нивната новогодишна елка. Пеејќи ги сите новогодишни песни во еден глас, за нив денешниот ден беше посебен, бидејќи покрај што ги истакнаа своите креативности на лице место, тие се забавуваа дружеа и ги замислија своите омилена желби.

И не само од поголемите групи и помалите ги украсуваа пониските врвови од новогодишната елка. Редеа лампиони, пееа песнички и за М-нет ги ги споделија своите желби.

Целта на настанот беше да се вклучат децата во работна атмосфера, но и да се сплотат сите дечиња на едно место за да другаруваат, пеат и дружат во новогдишна атмосфера.

Лаура Стојанова, М-Нет