
Денеска е чист понеделник, започуваа велигденските пости. Вкупно 48 дена, православните верниците ќе постат во слава и чест на спасителот Христос, возљубувајки го и прославувајќи. Според свештениците и онака како што вели светата православна црква во постот најважен е духовниот пост, кој подразбира воздржување од лошите мисли и страсти, со што духот се полни со љубов и позитивна енергија, кои се неопходни за човекот. Граѓаните поделени мислења, едни велат дека ќе постат, а други не, бидејќи примаат терапии, на кои им е неопходна мрсната храна.
Особена важност оддаваат свештениците на молитвата, која низ овие денови треба да е силна и не само кон Бога, туку и кон ближните. За М-Нет велат дека од понеделник до петок постите се строги, а масло е дозволено за определни денови и за време на викенд.
Инаку, постот е време за покајание, а според свештениците ова е денот спасителен, почеток на Постот, опејувајки биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги и сврти се кон Господа. Со гласот на Неговата Црква, Господ нѐ повикува да ги оставиме зад себе своите грешни и срамни дела и да ја започнеме добрата борба на трпение преку пост и молитва, која ги чисти нашите души и нѐ поставува пред Христа
Иван Митев, М-Нет