Денес на програмата се нови два натпревари на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија

На спортскиот центар во Чардаклија во тек се одржувањето на натпреварите во рамките на Меморијалниот турнир во Мал фудбал „Влатко Петров“ кој се одржува во чест и спомен на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили на Македонија. На турнирот настапуваат 8 екипи кои се поделени во две групи од по четири тима. Синоќа се одиграа два натпревари при што се постигнаа следните резултати:

Драгеви ДОЕЛ – Спиро 4:3

Еко Оил – Далга 2:2

Натпреварите во Чардаклија се играат во два термина, првиот од 19.00 часот и вториот меч од 19.50 часот. Вечерва на програмата се нови два натпревари во кои се среќаваат:

Тас Комерц – Далга

Чардаклија – Спиро

Инаку натпреварите на турнирот се играат секојдневно со „свирка“ на судиите Јоце Митев и Ален Коцевски а финалниот меч и церемонијалот на наградување на најдобрите ќе се одржи на 2 Август – Илинден оваа година.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk