Одбојка: Македонија У – 20 денес ќе се бори за медал во Приштина

Со остварени две победи и еден пораз македонската одбојкарска селекција У – 20 денес ќе го одигра четвртиот меч по кој со евентуална победа се надева на освојување на медал. На Балканското првенство во Приштина тимот на селекторот Ване Санев ги победи селекциите на Косово и на Албанија а загуби од Бугарија а денес се надева на победа против Црна Гора, која пак досега оствари една победа а освои по еден сет против фаворитите Турција и Бугарија. Синоќа Македонија со максимален ефект од 3:0 ја победи Албанија а по сетови резултатот изгледаше вака: (25:22) : ( 25:16 ) : и ( 25:21 ). Покрај средбата Македонија – Црна Гора, денес на програмата во Приштина се и средбите Косово – Албанија и Бугарија – Црна Гора. Во случај на денешна победа на Македонија, нашите дечки ќе го освојат бронзениот медал без оглед на утрешните резултати од последното коло на Балканското првенство во Приштина.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk