Денес на М Нет директен пренос: Вардар Неготино – Тетекс од 14 часот

Денес се играат натпреварите од 9. коло од ВМФЛ, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност да го проследат во живо преку директен пренос соочувањето на “Цвај Арена” во Неготино меѓу Вардар и Тетекс.

Натпреварот е од резултатска важност за Вардар кој по осум кола има само 6 бода и се наоѓа на долниот дел од табелата, па триумф за неготинци во овој момент ќе значи многу за излез од резултатската криза и прогрес на табелата.

Победа за Тетекс е опција бидејќи “штофарите” ќе направат прогрес и до местата кои водат во ПМФЛ.

Повеќе од сигурно е дека ќе гледаме неизвесен натпревар со голема борба на зелениот терен за трите бодови.

Владимир Ѓорѓиевски од Битола ќе биде главен судија, а преносот на телевизија М Нет ќе започне во 14 часот.