Нов претседател на штипскиот Апелационен суд е Тони Делев

Тони Делев е избран за нов претседател на штипскиот Апелационен суд. Вчера во Судскиот совет тој ја потпиша свечената изјава, а за претседател беше избран на седницата на Советот што се одржа на 18 октомври.

Делев е струмичанец, а седум години работи како апелациски судија во кривичниот оддел. Во штипскиот Апелационен суд дошол од Основниот суд во Струмица, каде прво бил стручен соработник, а потоа и судија – кривичар.

За судија во Апелационен суд – Штип беше избран во 2016 година, а сега како претседател доаѓа на местото на судијата Кирче Донев, кој беше в.д. претседател на Судот од лани.

Инаку, Судскиот совет треба да одлучува и за претседателското место во Основниот суд во Штип, каде кандидат е судијата Ацо Тасев. На седница беше констатирано дека Тасев ги исполнува условите од Конкурсот, но за Одлуката за изборот се очекува да се гласа во следниот период.

Ребека Спасова М-Нет