
Денес гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност во живо преку директен пренос да го проследат дербито во рамки на 6. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу Рудар и ланскиот второлигаш Слога од Виница.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Пробиштип, а улогата на благ фаворит ќе биде на страната на Рудар.
Трите бодови се императив и за двете страни. Рудар кој има одиграно натпревар помалку со три бодови може да се доближи до водечките Вардарски и Овче Поле и сериозно да продолжи да го напаѓа првото место кое води во баражот за Втора лига. Слога не тргна според очекуваното и во моментот е далеку од конкурентен тим кој би можел да напаѓа за прво место. Ланскиот второлигаш денес ќе биде на сериозен испит во Пробиштип каде освен три бодови се друго ќе биде неуспех, а тоа ќе значи и тешка борба за остварување на главната цел – експресен „кам-бек“ во Втората лига.
Рудар досега одигра четири натпревари и има скор од две победи, реми и пораз и со седум бодови е на 5. место, а пак Слога има скор од една победа, едно реми и два порази и со 4 бодови е на 6. место.
Главен судија на мечот во Пробиштип ќе бие Јордан Јовановски од Гевгелија, додека пак негови помошници ќе бидат Михаил Џорлев од Струмица и Стефан Митров од Гевгелија.
Преносот на телевизија М Нет ќе започне во 14 часот.