
Вчера во просториите на ОФС Кочани на клубовите од Третата македонска фудбалска лига – Исток им беа додели по 20 фудбалски топки.
Топките беа доделени во просториите на ОФС Кочани од страна на претседателот Александар Андов, секретарот Столе Тошев и спортскиот работник Драганчо Димитровски како членови на сојузот кој ја предводи Трета лига – Исток.
Овие 20 топки доаѓаат како поддршка со цел да им се помогне на клубовите кои се натпреваруваат во сезона 2023/2024.
„Голема благодарност до Фудбалска федерација на Македонија што ни го одобри барањето и со ова покажа дека се грижи за сите свои членки подеднакво“, велат од ОФС Кочани.
