
Со мир на душата и радост во срцето, верниците денес го празнуваат Светиот прокорок, претеча и крстител Јован. Уште рано наутро со свеќа и силна молитва, тие се поклонија пред иконата на крстителот, кој го крштеваше Христа во реката Јордан. Нештата кои не се купуваат со пари, а се печалат само со голема желба и љубов спрема Христа, како мир, среќа, благосостојба, тие си посакаа пред ликот на Св. Јован, со цел тој ги услишни нивните молитви.
Дека водата од Светиот пророк и претеча крстител Јован е моќна и лековите, согласни беа верниците, кои покрај што дојдоа да запалат свеќа, дојдоа и да си земат вода за спасение и мир.
Празникот сега зема поголем замав во празнување, за разлика од порано, тоа го сведочат и верниците.
Инаку, Свети Јован се празнува секогаш на 20 Јануари и истиот менува само ден. Го чествуваат на секаде низ светот, бидејќи тој е Христовиот Крстител. На овој ден народот ги одбележуваат и традиционалните обичаи како водичарки.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет