
Фурната на чио Андреа е новата традиционална фурна во Штип, која што ќе нуди пици и пастрамајлии со врвен квалитет. Испечени на дрва во фурна како во минатото, со убаво пдготвено тесто и состојки со чија миризба сокаците на Штип, мирисат од далеку. Идејата за ваков стил на мини бизнис од основачот Александар Андреевски, доаѓа од традиционалниот начин на изработка со кои ќе се навратиме на старите времиња.
„Фурната се вика „Фурната на чио Андреа, тоа ми е прекар. Чио, нели ние така си викаме на зафрканции, што значи чичо.”, вели Андреевски
Пици со врат, кулен, пилешко , макала, како и пастрамајлии е менито за сите оние кои сакаат да имаат семеен ручек, со еден повик .
Нарачките Андреевски, вели дека се примаат од 12 до 6 , а достава за почеток не е лична,
Инаку, начинот на кој се подготвуа ваквите рецепти, Александар ги научил со долгата пракса во рестораните, па ова сега занего ќе означува добра можност и за заработка, но и можност да ги покаже своите квалитети, преку ваквите специјалитети, кој секого го остава без збор.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет